Германските шпедитери под притисок: Горивото скапо, недостасуваат 80.000 возачи

Критиките кон нафтените корпорации не стивнуваат, бидејќи намалувањето на даноците, што ги воведе германската влада за барем малку да ги олесни возачите, сè уште не се чувствуваат во крајната цена на бензинските пумпи. Цената на дизелот одамна требаше да падне за 14 центи по литар, но сепак секаде низ земјава е над две евра.

Горивото скапо, недостасуваат 80.000 возачи

Постојаните високи цени на горивата ги погодуваат не само оние кои секојдневно се принудени да одат на работа со автомобил, туку и многу мали и средни транспортни компании чии камиони сè уште ги одржуваат во живот синџирите за снабдување. И прашање е колку долго ќе биде можно. Според чадорот на Германското здружение на превозници (BGL), првите шпедитери веќе пријавиле банкрот.

Директорот на Здружението, Дирк Енгелхарт, потврдува дека ефектот од намалувањето на даноците сè уште не се чувствува: „А доколку дизелот поевтини за 14 центи, тоа не би било доволно за да се ублажи огромниот пораст на логистичките трошоци.

Според здружението, во првиот квартал од годинава вкупните трошоци за малите и средни шпедитери се зголемени за 34 отсто. Ова не вклучува само поскапување на горивото, туку и нови возила, како и потрошен материјал како гуми. И сите овие трошоци, кои имаат околу 7.000 компании организирани во BGL и кои вработуваат околу 400.000 луѓе, мора да бидат префрлени на нивните клиенти. Во секој случај, маржите се многу ниски, така што практично нема простор за флексибилност. Во спротивно, се акумулираат само загуби.

И цените на бензинот рапидно растат

Секој ден на патиштата во Германија има околу 250.000 камиони кои превезуваат стока, а не се работи само за оние кои ги снабдуваат супермаркетите. „Речиси не постои индустрија што може без камиони, 70 отсто од стоката во Германија се транспортира на тој начин“, вели Енгелхарт.

Во неговото здружение членуваат претежно мали шпедитери кои вработуваат до 20 работници. Многумина од нив инвестираа во мотори со течен гас (LNG), а тие се оние кои имаат најмногу проблеми сега, бидејќи тоа гориво стана многу поскапо од дизелот: на почетокот на минатата година килограм ЛНГ чинеше 90 центи, а сега 2,30 евра.

Друг претставник на друга организација, Федерацијата за шпедиција и логистика (ДСЛВ), Френк Хастер, вели дека намалувањето на данокот за гориво кое треба да стапи на сила до крајот на август, не им донело олеснување на превозниците. „Привременото намалување на даноците од неколку центи не носи долгорочно олеснување и не штити од дополнителни скокови на цените“, вели Хастер.

Цените на транспортот ќе продолжат да растат

Алијансата DSLV ги застапува интересите не само на 3.000 шпедитери во патниот транспорт, туку и на оние компании кои се занимаваат со транспорт на стоки по воздушен и морски пат. Сè уште е можно, велат во DSLV, да се одржат синџирите на снабдување, но цените ќе продолжат да растат.

Хастер предупредува дека транспортот на контејнерите е драстично поскап поради покомплицираната процедура на организацијата, која е поврзана со нарушување на возниот ред од времето на пандемиската криза. „Тоа е уште една причина зошто цените растат“, вели Хастер.

Недостасуваат 80.000 возачи

Затоа здруженијата бараат пред се законско намалување на роковите за плаќање на превоз на две недели, за да се обезбеди ликвидност на шпедитерите, кои по правило самите треба да ги покријат сите трошоци за превоз.

И има уште еден проблем, кој не е од поново време, но сега го погодува секторот со полна сила: на Германија моментално и недостигаат околу 80.000 возачи на камиони и секоја година тој број се зголемува за 15.000. Секоја година се пензионираат околу 30.000 возачи, но на пазарот на труд влегуваат само 15.000 нови возачи. Ако работите не се променат наскоро, Германија, како и Британија по Брегзит, се соочува со драстичен недостиг на двигатели и колапс во синџирите на снабдување.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.