Германски бискуп: Хомосексуалноста е божја волјa

Еден од најпрогресивните германски католички бискупи ја нарече хомосексуалноста божја волја, велејќи за еден христијански магазин дека се предомислил по ова прашање.

Германски бискуп: Хомосексуалноста е божја волјa

„Хомосексуалноста не е Божја грешка, туку Божја волја, исто како и самото создавање“, изјави бискупот од Ахен Хелмут Дизер.

„Да, мојот став се промени“, додаде тој.

Католичката црква го смета хомосексуалниот чин за грев.

Конгрегацијата за науката на верата минатата година одлучи дека на католичките свештеници не им е дозволено да го вршат обредот на благослов на хомосексуални партнерства.

Дизер рече дека е свесен дека Рим сè уште ја смета хомосексуалноста за грев, додавајќи дека тој концепт е сомнителен.

„Кога станува збор за љубовта, таа љубов која е еротска форма, кога телото станува израз на таа љубов и нејзиниот јазик, тогаш мислам дека љубовта не може да биде грев“, рече владиката.

Според Дизер, дали свештеникот благословува хомосексуални парови е лична одлука на секој свештеник.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.