Германски доктор, за да поштеди од страдање усмртил пациенти заразени со коронавирус

Loading...

Германски доктор, за да поштеди од страдање усмртил пациенти заразени со коронавирус

Германската полиција отворила истрага против лекар од германскиот град Есен осомничен за убиство на двајца тешко болни пациенти заразени со коронавирус, пренесуваат германските медиуми.

Во соопштението се наведува дека 44-годишниот лекар кој работи во Универзитетската болница во Есен од февруари е осомничен за убиство на двајца мажи, на возраст од 47 и 50 години, кои биле на интензивна нега во многу сериозна состојба.

Се додава дека осомничениот кој бил уапсен во средата признал едно убиство, наведувајќи дека сакал да ги поштеди пациентот и неговото семејство од понатамошно страдање, пренесува Ројтерс.

Билд објави дека лекарот ги информирал семејствата на пациентите пред да ги убие, така што им вбризгал смртносна инјекција.

Пациентите во Германија можат да побараат помош за ставање крај на сопствениот живот врз основа на пресуда донесена минатата година, но сè уште е нејасно дали тоа се случило во овој случај.

Болницата соопшти дека лекарот е суспендиран.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...