ГЕРМАНЦИТЕ ШТЕДАТ НА ХРАНА: Продажбата на храна драстично опаѓа

Во германскиот малопродажен сектор продажбата е невообичаено нагло опадна, а особено сериозен е падот на набавката на храна, веројатно поради растот на цените, пишува Дојче веле (ДВ) и додава дека има проблеми и со испораката.

Германските трговци на мало претрпеа неочекуван остар пад на продажбата во април поради високата инфлација. И покрај олеснувањето на мерките за коронавирус, нивните приходи се за 4,7 отсто помали од претходниот месец, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика. Ако се игнорираат цените, реалниот минус бил дури 5,4 отсто.

– Реалната продажба на тој начин достигна најниско ниво од февруари 2021 година – велат статистичарите. Економистите очекуваа просечен пад од само 0,2 отсто.

Најмногу падна продажбата на храна. За споредба, трговијата со непрехранбени производи реално опадна за 4,4 отсто, додека трговијата со храна опадна за 7,7 отсто. „Ова беше најголем пад на продажбата од месец во месец од 1994 година“, велат статистичарите. Додаваат дека ваквиот развој на настаните најверојатно е последица на значителното зголемување на цените на храната и наведуваат дека тие во април биле повисоки за 8,6 отсто од една година претходно. Инфлацијата на цените на храната повторно е значително над просечниот раст на потрошувачките цени, кој во април изнесуваше 7,4 отсто.

Според експертите, трендот на поскапување на храната најверојатно ќе продолжи.

Според студијата на Алијанс Трејд, малопродажните цени на храната веројатно ќе пораснат за повеќе од 10 проценти оваа година.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.