Героски: Заев, Шеќеринска и Ременски го крунисаа „кралот“ Боки 13-ка, Заев мора да му ја симне круната и да го растури кралството на рекетот!

Loading...

„Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран. Го охрабруваме Јавното обвинителство да продолжи во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата“. Оваа вчерашна изјава на премиерот Зоран Заев многумина ја разбраа како најава за интензивирање на истрагата за аферата „Рекет“ и како одлучен одговор на премиерот на сериозната порака што ни стаса од Метју Палмер, заменик помошник на државниот секретар на САД, кој ги отстрани сите сомневања дека Американците имаат намера да ја заштитат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од било какво гонење во врска со овој скандал, вака својата најнова анализа ја започнува новинарот и уредник на порталот „Плусинфо“ Бранко Героски.
Инаку, аферата „Рекет“ се продлабочува, се комплицира и се наметнуваат три клучни прашања, на кои допрва ќе се бараат одговори, додава тој:
Првото прашање е за кои дела би можеле да се кривично одговорни осомничените Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец, но и други лица кои засега не се опфатени со истрагата, пред сѐ специјалната обвинителка Јанева, како и потписниците на спорните договори меѓу градежни компании и невладината организација Меѓународен сојуз, а пред сѐ личностите кои ги подигале спорните уплати како хонорари.
Втората дилема е какво и колкаво било влијанието на Зоран Заев, на Радмила Шеќеринска и на потпретседателката на парламентот Фросина Ременски, три водечки лика во македонската политика, врз успешноста на групата на Бојан Јовановски, во нејзините злосторнички активности. При тоа, еве, беспоговорно го прифаќам тврдењето на Заев дека бил злоупотребен и оваа теза ја проширувам на тројцата спомнати.
И трето, големо прашање е каков би можел да биде натамошниот тек на истрагата и како тој ќе се одрази врз популарноста на владата на Зоран Заев?
Целиот текст прочитајте го на Плусинфо.

loading...