Гејтс денешната ситуација ја предвиде пред 25 години, а има и нови предвидувања за иднината

Loading...

Кога изби пандемијата на коронавирусот, на интернет започна да се шири видео од едно старо предавање на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во кое тој предупредува дека постои можност пандемија да го погоди светот, а ние нема да бидеме спремни.
Видеото многумина го извадија од контекст и го злоупотребија за ширење на лажни вести, па денес, за жал, многу луѓе веруваат во теориите на заговор и сметаат дека Бил Гејтс е виновен за ширењето на коронавирусот, со цел да продава вакцини и да ги „чипира“ луѓето.
Овие денови се актуелизираше уште едно предвидување на Бил Гејтс кое е поврзано со денешната ситуација. Имено, во книга која е објавена во 1995-та година, Гејтс пишува за иднината на состаноците и предвидува дека видеосостаноците во иднина ќе ги заменат состаноците во живо.
Гејтс во книгата напишана пред 25 години објаснува дека мали видеоуреди со камери ќе бидат поврзани на компјутери и телевизори и ќе овозможат видосостаноци со квалитетна слика и звук по ниски цени.


Иако видеоконференциите во 2020-та година не беа никаков новитет, сепак коронавирусот целосно го промени начинот на работа, а состаноците преку Zoom и Teams станаа практично стандарден начин на комуникација меѓу вработените, надредените, клиентите и слично.
Во неодамнешното интервју со GeekWire, Гејтс проговори и за иднината, односно за промените кои во иднина ќе ги предизвика пандемијата на коронавирусот. Според него, една од работите кои никогаш нема да се вратат по старо ќе бидат бизнис патувањата. Според Гејтс, за две до три години бизнис патувањата ќе се намалат за 50%.
Гејтс смета дека пандемијата поттикнала напредок кој инаку се остварува за 12 години, па така во иднина колаборацискиот софтвер ќе биде и уште поефикасен, ќе се намали позадинската бучава, ќе се користат поголеми екрани и видеосостаноците ќе наликуваат како нормални и реални состаноци.

loading...