Гејтс се вакцинираше, но и понатаму носи маска – сака да биде пример

Loading...

Бил Гејтс ја прими и втората доза на вакцината против COVID-19 пред 7 дена, но сè уште носи маска и ги почитува мерките за заштита против коронавирусот.
„Сакам да бидам добар пример. Дури и доколку сте вакцинирани, сè уште може да го пренесете вирусот“, рече тој.
Додаде дека иако вакцините на Moderna и Pfizer спречуваат тешки компликации и смрт од COVID, во оваа фаза не е јасно дали го спречуваат и преносот на вирусот.
„Нема да престанам да носам маска и да бидам внимателен, особено околу старите луѓе кои не се вакцинирани“, потенцираше Гејтс.
„Дури во пролет или лето ќе може да се опуштиме“, вели Гејтс и додаде дека планира да носи маска и во текот на есента додека да се спречи ширењето на вирусот во целост, пренесува порталот Make it.

loading...