Гејтс: „Следната пандемија пристигнува во 2025-та година и тоа како биотерористички напад…“

Loading...

Основачот на „Microsoft“, ефектот од вакцината против Ковид-19 го очекува дури за две години…
Гостувајќи во популарната емисија „Late Show“, Бил Гејтс најави нова пандемија која што според неговите зборови, светот би можела да го погоди за 5 години.
„Пристигнува ‘Пандемија 2’. Тоа ќе биде биотерористички напад. Според моите проценки ќе се случи некаде околу 2025-та година“ – изјавил Гејтс.

Откако Гејтс почна да се повлекува од управата на компанијата „Microsoft“, тој почна да се занимава со хуманитарна работа и во 2000-та година со својата сопруга Мелинда, ја основаше фондацијата која што е посветена на вакцинација на децата во регионите во кои што детската парализа сè уште не е искоренета.
Гејтс, чија фондација е ангажирана на пронаоѓањето на вакцина против Ковид-19, зборувал и за актуелната пандемија:
„Поради коронавирусот ќе живееме вака до летото. Но, до тој период ќе ни биде потребно чудо. Ефектот на вакцината ќе може да го видиме подоцна. Се плашам дека вистинската корист од тоа ќе може да се забележи за две години – на лето. Никој не добива од ова, туку сите губиме“ – заклучил Гејтс.

loading...