Ги истетовирала очите па ослепела – “Тоа што си го направив е брутално“

Loading...

Амбер Лук од Австралија била слепа три недели откако ги истетовирала очите. Целото нејзино тело е истетовирано, вклучувајќи ја и нејзината глава. На неа има повеќе од 200 тетоважи.
Оваа 24-годишна девојка истакнала дека тетоважата на очите била еден од најопасните зафати.
“Не можам да опишам како се чувствував“ – изјавила таа.
Тоа што го направила со своите очи изјавила дека е “многу брутално“.


“За жал мојот уметник премногу длабоко го зафати моето очно јаболко. Доколку тоа се направи на вистинки начин тогаш не можете да ослепите. Јас бев слепа три недели“ – се присетила Лук.
Тетовирањето на очите го нарекла едно од нејзините последни “екстремни модификации“.
Таа сака нејзиното тело во целост да биде покриено со тетоважи до март 2020-та година.


Според нејзините зборови, зафатите кои се прават на нејзиното тело се многу интензивни и многу болни.

Нејзината мајка рекла дека се расплакала кога ќерка ѝ ги тетовирала нејзините очи.
Лук на Инстаграм има 137.000 следбеници. Од својата 14 година своите фотографии таа ги споделува на социјалните мрежи.

loading...