Ги направила ноктите, а утредента прстот ѝ бил црн: Салоните за убавина знаат да бидат многу опасно место

Loading...

Оваа жена за малку ќе останела без прст откако во некој салон била на маникир. Жена чиј идентитет не е откриен на социјалните мрежи доживеала хорор откако била на маникир.
Откако завршила со третманот на ноктите жената забележала дека на врвот од прстот има нешто и веднаш заминала на доктор. Испратена била дома со антибиотици и упат за на клиника.
Два дена подоцна отокот почнал да расте, а прстот да темнее. До моментот кога стигнала во болница прстот речиси целосно поцрнел и кажано ѝ било дека најверојатно ќе треба по пат на хируршки зафат да ѝ го отстранат.

За среќа операцијата поминала успешно и докторите успеале да ја отстранат инфекцијата, а потоа истата таа жена на Фејсбук ја подигнала свеста кај жените за ризиците кои владеат во салоните за маникир.
„Верувам дека инфекцијата настана од нестелизираните инструменти кои ги користат на маникир. Никогаш не помислував дека нешто слично може да ми се случи, така што треба да внимавате следниот пат колку е чиста опремата со која ви ги средуваат ноктите“ – предупредила оваа жена.

loading...