Глава, стомак, висина… Делови од телото кои откриваат колку сте паметни – или можеби не сте

Loading...

ГОЛЕМ СТОМАК

Голем процент на маснотии во абдоминалната област сигурно ќе влијае негативно на скоро сите аспекти на здравјето – од висок крвен притисок до здравјето на срцето, но и на когнитивните функции.

Во петгодишно истражување, 2.200 луѓе биле следени од научници, а сите испитаници кои имале индекс на телесна маса од 20 или помалку, биле во можност да потсетат на 56 проценти од зборовите во тестот за вокабулар, додека оние кои биле дебели, се сеќавале на 44 проценти.

Дополнително, по пет години, овие лица се сетија на само 37,5 проценти кога повторно беа повикани на тестирање. Д-р Максим Курнот, авторот на студијата, смета дека хормоните кај овие луѓе исто така можат да влијаат на оштетувањето на клетките во мозокот.

„Бидејќи се знае дека дебелината е опасност за кардиоваскуларното здравје, затоа што влијае и на формирање на плаки во крвните садови, истото може да се случи и со артериите во мозокот“, додава тој.

ГОЛЕМА ГЛАВА

Никој не сака да биде опишан на тој начин, но вистината е дека поради големата глава можете да бидете попаметни. Резултатите од студијата беа објавени во списанието Молекуларна психијатрија и проучија 500 000 луѓе, во форма на когнитивни и физички проценки, како и резултати на крв, плунка и урина кај секоја индивидуа.

Резултатите наведуваат дека оние луѓе кои имале голема глава како деца постигнуваат подобри резултати на вербално-нумерички тестови, а има поголеми шанси овие луѓе да добијат и универзитетско образование.

Научниците сметаат дека е потребно многу повеќе истражувања за поточни резултати со цел малку подобро да се проучи генетскиот механизам и да се поврзе со овие и слични резултати.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...