Гласачи од Австралија хит на интернет, на избирачки места се појавија во костими за капење

Гласачите кои на избирачките места се појавија со костими за капење дефинитивно се нешто што го одбележа изборниот ден во Австралија.
Светските медиуми објавија низа фотографии, а и на социјалните мрежи може да се видат голем број луѓе како на изборите се појавија со костими за капење или даски за сурфање.
Причината за ова е следна. Имено компанија која произведува костими за капење „Баџи смаглер“ понудила бесплатен пар костим за капење за сите кои на изборите ќе излезат во своите стари костими од нивната компанија.


Луѓето за кои оваа идеја била прифатлива, и покрај студеното и врнежливо време, се појавија баш така на изборите.
-Мислевме дека ќе бидеме еден или двајца, но се утврди дека ги има стотина. Ова ќе биде скап ден за компанијата, истакнал сопственикот Адам Линфорт.
Оттаму потврдиле дека ќе им испратат ваучери за костими за капење на сите кои испратиле фотографија. Рокот за тоа е до понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.