Гласањето навремено и без проблеми

Loading...

На сите избирачки места во земјава гласањето во првиот круг од претседателските избори почна навреме. Од Државната изборна комисија информираат дека досега гласањето се одвива тековно и без проблеми. Се гласа на 3.480 избирачки места во државава. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Претседателските избори, според ДИК, ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, акредитирани од Државната изборна комисија.
Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија. Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.

loading...