Глумат среќно семејство, а бракот им е на апарати. Душко ја казнува Јелена со тоа што нема да се пресели во новата куќа

Заради скандалот со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш сопругот на Карлеуша не сака да ја реновира и опреми куќата на Дедиње, која за 2,5 милиони евра ја купи од Драган Стојковиќ Пикси. Тој не сака да вложува 300.000 евра за да ја реновира и онака преубавата куќа во која неговата сопруга планирала да се пресели на пролет.
– Јелена имаше некои налудничави идеи за уредувањето на вилата на Писки. Сакаше да руши некои ѕидови, да прави спа центар, да купува прескап мебел. Според првичниот план се тоа Душко би го чинело речиси 300.000 евра. Пред секс-аферата со Врањеш, тој сакаше да и ја исполни секоја желба на Јелена, но сега реши да пресече, вели извор близок до семејството.
Иако е пред потпишување на договор вреден дури 8,5 милиони евра, Душко од инает реши да и воведе санкции на сопругата.
Јелена глуми дека во нивниот живот се е во ред, па на Инстаграм најави дека наскоро ќе објави нова песна, надевајќи се дека нејзините нови песни ќе го свртат вниманието на јавноста од порно-аферата со Огњен Врањеш.
– Нему не му е проблем да ги финансира нејзините каприци, туку намерно сака да ја казни заради скандалот кој го предизвика нејзината афера со Врањеш. Затоа пролонгира се. Душко, каков што е на крај ќе попушти, но за сега од селењето нема ништо. Вилата стои празна, пренесува изворот.
Јелена со ќерките останува да живее во стариот дом, а Душко од Дубаи замина на подготовки во Австралија, па наредните години заради работата ќе биде стациониран во Кина.
– Душко и Јелена се договориле за сега да се прават како се да е во ред и дека нивниот брак функционира. За Душко тоа и нема да биде проблем затоа што во наредниот период и онака нема многу да се гледаат. Како што веќе сите знаете ни тој баш не и беше верен на Јелена. Шеташе мисици, манекенки, некои непознати девојки… За некои негови неверства се знаеше , за некои се уште не се знае. Тој ќе продолжи така да живее и во периодот кој претстои. Во Кина друштво ќе му прават разни убавици, додека Јелена со ќерките ќе биде во Белград. Тој брак е на апарати, обична фарса и игранка за медиумите, заклучува изворот.

 

Loading...