Глупостите на Американските туристи

Loading...

Вработените во туристичките агенции се среќаваат со разновидни прашања, меѓутоа некои од нив се навистина несфатливи, за вас издвоивме неколку прашања кои “паметните” Американци ги поставиле во туристичките агенции.
 – Една клиентка се распрашувала за пакет аранжмани за Хаваите. Откако и' ги објаснив целокупните трошоци, ме запраша: Не е поевтино да летам до Калифорнија и од таму да земам воз за на Хаваите?- Еднаш ми се јави еден човек кој ме запраша: „Дали може да се виде Англија од Канада?“. Му одговорив не. Разочарано ми врати: „Но делуваат толку близу кога гледам на картата“.- Еден човек бараше да изнајми автомобил во Далас. Кога му ја правев резервацијата, забележав дека во Далас ќе биде само еден час, бидејќи менува авиони. Кога го запрашав зошто сака автомобил, тој ми рече: „Па Далас има огромен аеродром па сакав изнајмам автомобил за да одам од еден терминал на друг“.
– Еднаш една клиентка ме запраша дали мора да добие седиште покрај прозорецот во авионот. Рече дека седењето покрај прозорецот ќе и' ја уништи фризурата, особено ако некој го отвори во текот на летот.- Ми се јави еден човек од аеродром и ме запраша: „Како да знам на кој авион треба да одам? Го прашав на што конкретно мисли, а тој ми одговори: „Ми рекоја дека бројот на мојот лет е 817, но нитуеден од овие авиони го нема тој број на себе“.- Еден бизнисмен ми се јави и ме прашуваше за документите потребни за патување до Кина. После подолга дискусија за пасошите, му кажав дека му е потребна и виза. Тој ми рече: „А не, јас неколку пати веќе бев во Кина и никогаш не ми беше потребна виза“. За секој случај проверив повторно на интернет и му повторив дека навистина му е потребна виза. Тогаш тој ми рече: „Видете, бев во Кина четири пати и секој пат ја примија мојата American Express картичка“.- Некоја жена се јавила да резервира лет. „Сакам да летам до Нилскиот коњ во Њујорк“. Останав бесз зборови.„Дали сте сигурни дека тоа е името на градот?“ „Да, кои летови ги имате?“, ми одговори клиентката.После подолго барање, се вратив на телефон и и' реков: „Извинете госпоѓо, ги прегледав сите авиони во земјата и не успеав да пронајдам нитуеден Нилски Коњ. Тогаш, клиентката ми одговори: „Стварно сте смешни. Па сите го знаат тој град. Погледнете на географската карта“. Одев со прстот по картата низ државата Њујорк од град во град, и конечно со неверување ја запрашав: „Да не мислите на градот Бафало?“, „Така е. Знаев дека е некое големо животно!“, одговори таа.

loading...
Loading...