Гога Секулиќ откри колку естетски корекции има на себе

Loading...

Пејачката Гога Секулиќ откри што си направила на себе кога се во прашање естетските зафати.
Имено, Гога во емисијата „Амиџи шоу“, без никакво двоумење призна што прави на своето лице и изненади со нејзиниот одговор.
– Вака, немаше потреба, но ги поправив градите, добро, моите пријателки ја немаа таа големина, и јас исто така, па ајде сите пред 10 години. Не ја наполнив устата, ставив хијалуронска киселина, ботокс, но сепак планирам, ако не успеам да тренирам, ќе одам на липосукција, да ослабам 10 килограми – рече Гога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goga Sekulic (@sekulicgoga)

Патем, за време на пандемијата, Гога живееше на релација Белград-Цирих.
– Прекрасно се забавувам со мојот син, уживаме. Ми недостасуваат настапи, се разбира, публика и пеење, но никогаш не ми е досадно – истакнува таа и додава дека немала „црн ден“.
– Финансиите се голем проблем затоа што немаме приходи, а сметките само пристигнуваат. Не знам како да заштедам пари, само ги трошам кога ги имам, вели пејачката.

loading...