Година на лаги на Мицковски и неговата глумечка екипа

За антинародното и антизападно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, 2018 беше година на лажни вести, немање став, деструкција и блокади на иднината на Македонија. Редовно се ширеа невистини од луксузниот дворец на ДПМНЕ. Од хиперпродукцијата на лаги и море од невистини пласирани на Мицкоски и ДПМНЕ во 2018 година како најголеми се издвојуваат:
1. ДПМНЕ ширеше паника помеѓу граѓаните дека низ цела Македонија ќе се градат бегалски кампови. Денес, на прагот на 2019 година, бегалски кампови нема.
2. ДПМНЕ лажеше дека ќе се укинуваат евтините летови за граѓаните. Евтините летови постојат и денес, а обезбедени се и нови дополнителни релации од аеродромот во Скопје и Охрид.
3. Мицкоски и ДПМНЕ лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се загрози и уништи македонскиот идентитет, јазикот и посебноста. Тоа не само што не се случи, туку македонскиот идентитет, јазик и посебност се дополнително зајакнати.
4. Лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се избрише АСНОМ од преамбулата на Уставот. Со уставните измени кои се во завршна фаза се потврдува дека АСНОМ и одлуките на АСНОМ се зацврстени, обезбеден е историскиот континуитет на државноста.
5. Антинародното ДПМНЕ ширеше паника дека драстично ќе поскапи лебот и ќе се зголеми сиромаштијата. Тоа не се случи. До денес ниту еден голем производител ја нема покачено цената на лебот.
6. Мицкоски и неговата ДПМНЕ ширеа лажна паника меѓу граѓаните дека акцизата за горивата ќе влијае на зголемена инфлација и ќе има ценовни шокови, што се разбира не се случи. Инфалцијата е во нормалните граници а цените се стабилни, односно нема никакви ценовни шокови и поскапувања. Платите растат, се зголемува социјалната помош.
7. Лажеше ДПМНЕ и за наводно поскапување на електричната енергија, што секако не се случи. Останува фактот дека единствено покачување на цената на струјата од 100 проценти се случи за време на ДПМНЕ, а како прв човек на ЕЛЕМ Мицкоски сноси одговорност и за тоа.
8. ДПМНЕ и Мицкоски лажеа дека се зголемува јавниот долг. И покрај тоа што се враќа огромниот долг што го остави криминалната ДПМНЕ долгот се намалува, од 48,8 отсто од БДП колку што изнесувал во септември 2016, на 48,2 колку што изнесуваше во септември оваа година.
9. Мицкоски лажеше дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на неговиот ментор Никола Груевски а потоа се увиде дека неговиот ангажман ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари.
10.  Неспособниот Мицкоски лажеше и за неговите хидроцентрали и бизнисот што го добил од Груевски. Се покажа дека земјиштето за хидроцентралите го добил токму во време кога бил советник на Груевски.

Loading...