Голготата не запира: Центарот за социјална работа покрена пријава против Северина

Loading...

Северина веќе долги години води судски спор со поранешниот партнер Милан Поповиќ за старателство над синот, а имаше и проблеми со Центарот за социјална работа.
Додека Северина со сопругот Игор Којиќ одмора во Франција, во Загреб против неа не покренуваат тужби.
Против 47-годишната сплитска пејачка наводно е покрената казнена пријава и тоа од Центарот за социјална работа. Ова е првпат Центарот, со кој Северина има проблеми подолго време, да покрене пријава против неа.


-Во конкретниот случај Центарот не може да изнесува детали за текот на постапката и семејната ситуација со оглед на тоа дека при изнесувањето на податоци во јавноста се кршат законските прописи, порачале за 24сата од Центарот.
Адвокатите на Северина истакнале дека немаат сознанија за таква пријава, ниту пак за причините за евентуалното нејзино покренување.
Северина веќе 7 години води судски спор со поранешниот партнер Милан Поповиќ со кого има син.

loading...