ГОЛЕМА ПОБАРУВАЧКА за вакцината на Путин: Пристигнуваат нарачките за „Спутник V“, една милијарда дози веќе резервирани

Loading...

Русија ја прогласи својата прва регистрирана вакцина против коронавирус наменета за странските пазари „Спутник V“ , наречена по првиот светски сателит, изјави денеска првиот човек на здравствената фондација РДИФ Кирил Дмитријев.

Тој рече дека Русија веќе примила барања од повеќе од 20 земји за милијарди дози на новата вакцина, пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина против вирусот корона е регистрирана по два месеци тестирања врз луѓето. Путин изјави дека една од неговите ќерки исто така ја примила вакцината.

– По првото вакцинирање, таа имаше температура  38, следниот ден 37 и тоа е се – рече Путин. Тој додаде дека неговата ќерка се чувствува добро и има високо ниво на антитела.

 

loading...