Голема промена на цената. Горивата поскапуваат за 3,50 денари

Голема промена на цената. Горивата поскапуваат за 3,50 денари

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 8,5 проценти.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 3,50 денари/литар.

Новита цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега ќе изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 45,50 ден/лит.

Побрзајте да наполните. Денеска имаше големи редици на пумпите.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.