ГОЛЕМО БРАВО за авторката на РИСОТ РИСТЕ која повторно подари над 100 книгички, но овојпат во белодробната болница во Козле!

Loading...

Весна Константинова, името кое стои зад идејата и спроведувањето на големата хуманитарна акција, дипломиран фармацевт и авторката на познатите илустрирани книгики за деца “Рисот Ристе и пријателите” пред неколку дена објави на својот ФБ профил дека успешно е завршена и втората етапа од хуманитарната акција “Биди хуман, сподели радост , израдувај непознато дете”, како резултат на која над 100 книгички беа подарени на белодробната клиника во Козле.
Оваа акција започна во месец мај во соработка со Сузана Турунџиева, Атиџе Муратовска и книготека Икона, и беше најавено дека истата ќе се одвива во повеќе етапи и ќе трае цело лето со цел да се израдуваат колку што може повеќе дечиња од ранливите категории.


Како резултат на успешно завршената прва етапа од акцијата во месец јуни, над 100 книгички со Рисот Ристе беа подарени на детската клиника во Скопје, како резултат на втората етапа снабдена е и целата белодробна клиника во Козле, а кога ја запрашавме авторката што е следно, таа одговори дека следната цел е месец август да биде месец на изненадувањата, како резултат на што Рисот Ристе планира ненајавено да изненади и некои дечиња кои тоа можеби и најмалку го очекуваат!


Авторката ја икористи оваа можност и да изрази благодарност до сите лица и претпријатија кои и помогнаа успешно да ја заврши и оваа етапа од акцијата, а тоа се Медобил, Натура Терапи, Фарма С, Варус и Бионика, ветеринарната ординација Веракс, стоматолошката ординација Вега, студиото за убавина Красота, Виникс прочистувачи на воздух, печатницата Винсент Графика, чоколатерија Ла Ганаш, Евросимовски консалтинг и други хумани лица кои посакале да останат анонимни.
Весна истовремено не извести дека таа и нејзините подржувачи, веќе започнаа со третата етапа од хуманитарната акција “Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете” со цел да соберат книгички кои потоа ќе бидат донирани на домовите за деца без родители како и на децата со посебни потреби.
Сите кои сакаат да се приклучат во акцијата треба да појдат во кинготека Икона во ТЦ Рамстор или на ул.Максим Горки, да купат најмалку една книгичка со Рисот Ристе, да напишат посвета до некое непознато дете или да нацртаат нешто, и да ја остават во кутијата за донации.

loading...
Loading...