Голем пожар беснее во близина на Атина, се евакуираат околните места

Голем пожар избувна крај Атина, властите наредиле евакуација на околни места. Пожарот во предградието Пеанија источно од Атина брзо се шири и утрово може да се забележи од главниот град на Грција. Во гаснењето на пожарот се ангажирани најмалку 130 пожарникари со 42 возила.
Евакуирани се камп на островот Елафонисос како и село крај Маратон близу Атина. Во моментов во Грција се активни повеќе од 50 шумски пожари.

Loading...