Голем пожар во Кичевско

Во атарот на село Колибари, Кичевско беснее голем шумски пожар. Месната заедница од селото излезе со апел до селаните особено младите да се приклучат во гаснењето на пожарот.
– Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се борат огнот да го стават под контрола. Тешкотија преставува непристапниот терен, а таму веќе се и преставниците на шумското претприатие „Лопушник”, преставници на Дирекцијата за заштита и спасување и преставници на локалната самоуправа. Во прв план ни е да ги заштитиме куќите и да се стави пожарот под контрола – информира Дарко Гргоски од ППТЕ- Кичево.
Според Гргоски се очекува наскоро да интервенираат и авионите за гаснење на пожарот.

Loading...