Во околината на Марибор вечерва околу 19 часот избувнал пожар. Се работи за голем пожар, а на терен има неколку противпожарни единици. Противпожарната станица Марибор за N1 Словенија потврди дека гори фабриката за преработка на пластика. Полицијата ги предупредува граѓаните да ги затворат прозорците.
На терен има неколку противпожарни единици. Противпожарната станица во Марибор за N1 Словенија потврди дека гори фабриката за преработка на пластика во Ледине. Се наведува дека се работи за објект во сопственост на фирмата Плана. Како што објасни командантот на противпожарната единица на Марибор, Примож Осојник, се запалила шаторската хала во која се чувале пластични производи, а пожарот зафатил површина од 9.600 метри квадратни.
Со пламените јазици се борат 150 пожарникари, меѓу кои пожарникари од Марибор и пожарникари од 18 околни противпожарни бригади. Пожарот е веќе локализиран.
Според досега познатите информации, во пожарот нема повредени, соопштија од полициската управа Марибор. Според првата, нестручна проценка на полицијата, материјалната штета изнесува неколку милиони евра.
Полицијата апелира до граѓаните да се држат настрана од пожарот и ги советува да ги затворат прозорците.