Голем судир на полските хулигани со припадниците на македонското МВР

Loading...

Хаосот со полските навивачи, кој почна вчера со нивна меѓусебна тепачка на скопскиот плоштад поради која имаше и приведени од полицијата, продолжи и денеска со оглед на неофицијалните информации кои доаѓаат за голем судир на хулиганите со припадниците на македонското МВР кои ги обезбедуваат.
Според очевидци, поголема група фанови на селекцијата на Полска, која вечерва ќе ѝ гостува на Македонија во меч од квалификациите за ЕП 2020, се степале со полицајците кај Владата во обид да тргнат кон скопската Чаршија. Дел од хулиганите биле спречени, но дел од нив успеале да се упатат кон овој дел од градот, каде што и синоќа правеле проблеми.
Според извори од МВР, Полјаците се качувале на споменикот на Скендербег и за малку бил спречен голем конфликт со скопјани од албанска националност кои се нашле во близина, на кои не им се допаднало нивното однесување.
ИЗВОР: СПОРТ 1

loading...