“Голф“ излета од патот и се преврте кај Липково, тешко повреден 19-годишник

Loading...

Младо момче управувајки со “Голф“ излетало со возилото од патот во Липково,  и се здобило со тешки повреди.
Во 11:20 часот кај селото Слупчане, општина Липково, 19-годишниот Ј.Д. од селото Алашевце, општина Липково, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, излетал од патот и се превртел.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

loading...