Горивата пак поскапуваат?!?

По речиси две седмици од последната промена, Регулаторна комисија за енергетика напладне ќе ги соопшти новите цени на горивата во Македонија. Цените ќе важат од полноќ, па ако цената се зголеми полнете ги резервоарите.
Со последната корекција на цените бензините поскапеа за 2 денари по литар, а дизелот за 1 денар. Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 чини 64,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 е 66,5 денари. Литар дизел се продава по цена од 61 денар.
Ова се моменталните цени кои се менуваат од полноќ.