Горивата поскапуваат од полноќ

Loading...

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цеи на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. РКЕ одлучи, горивата од полноќ поскапуваат.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува
32,884 ден/кг.

loading...