Гори фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во Македонски Брод

Пожар избувна денеска во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во населбата Самоков, Македонски Брод, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид.

Опожарена е магацинска хала со хемикалии.

На терен веднаш пристигнала Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонски Брод со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Како превентивна мерка, електричната енергија во фабриката е исклучена.

Пронајдете не на следниве мрежи: