Гостиварец наплатил 7.700 евра за германски работни дозволи и завршил во притвор

Основното јавно обвинителство Гостивар започна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело измама од член 247 од Кривичниот законик.
Во текот на овој месец осомничениот со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија. На оштетениот услугата осомничениот му ја наплатил 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.
По предлог на надлежниот Јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на лицето му определи притвор во траење од осум дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.