Го одбила дијамантскиот прстен кој ѝ го подарил- Саша Поповиќ и оваа српска пејачка биле во љубовна врска

Злата Петровиќ и Саша Поповиќ биле во љубовна врска пред три децении, а нивната врска за малку ќе била крунисана со брак. Српската фолкерка на директорот му го фрлила дијамантскиот прстен, а тој настан и ден денес се прераскажува.


-Сале многу ме сакаше, патеше долго по мене кога раскинавме. Ме запроси за роденденот. Извади дијамантски прстен пред гостите, а јас се преплашив и му го фрлив во лице. Колку вредеше толку траеше. Ние останавме пријатели. Никој не ви дава гаранција колку ќе бидете во љубов. Ни беше супер, он е препаметен човек, само се најдовме во некое погрешно време. Јас имав 27-28 години, а веќе зад себе имав еден брак и син. Мене тогаш ме интересираше да работам и ми беше глупаво да влегувам во една сериозна врска или брак – раскажала Залта.