Го покажа целиот процес на Инстаграм: Криси Тајген стави ботокс на пазувите

Loading...

Криси Тајген отишла на вбризгување на ботокс на пазувите, а за тоа како поминала интервенцијата им покажа на своите фанови на социјалните мрежи.
Познатата манекенка и сопруга на Џон Леџенд во вторникот го решила проблемот со прекумерното потење, па на Инстаграм ги сподели впечатоците со фановите. Објави снимка од процесот на вризгување ботокс во пазувите, со што се спречува потењето. Изгледа нервозно и држи марамче преку лицето, но болката брзо поминала.


„Најдобриот чекор за кој се одлучив. Сега можам да носам свила без проблем. Изгледаше застрашувачки, но тоа навистина не е ништо страшно“, рекла Тајген.
Инаку, ова не е првпат Криси да е подложна на ботокс на пазувите, истото го направила во 2008-ма година. Отворено зборувала за ботокс.


„Тоа е најбаналната работа која сум ја направила во животов, но ми се допаѓа. Искрено не жалам, сега можам да носам тоалети“, изјавила пред две години.
33-годишниот модел не ги чува деталите од приватниот живот, туку сама ги изнесува без срам. Така еднаш раскажа дека таа и нејзиниот сопруг имале секс во кабина на авион додека летал, а на социјалните мрежи споделуваше и фотографии на кои покажуваше како го извлекува млекото од градите со пумпа, за да може да го нахрани детето.
Манекенката во 2014-та година се венчаше со поп пејачот Џон Леџенд, со кој има ќерка и син.

loading...