Го регулира апетитот, ги ублажува болките во стомакот и ја намалува надуеноста

Loading...

Рецептот за овој напиток е сосема едноставен, а благодетите кои ги има за организмот се навистина големи.
За негова подготовка ви се потребни 1 децилитар вода, неколку листови свежо нане, неколку кришки лимон и 1 лажичка мед.
Начин на подготовка:


Во бокал вода ставете ги листовите нане и кришките лимон и оставете да отстои преку ноќ. Напитокот пијте го во текот на денот, а по желба можете да го засладите со малку мед.
Зошто е добро секој ден да испиете најмалку една чаша од напитокот од нане и лимон?
Од лековитите делувања на нането, едно од најпознатите и најизразените е смирувањето на органите на дигестивниот тракт. Ефикасно ги ублажува болките во желудникот и стомакот, како и грчеви и мачнини. Има и диуретско делување, ја поттикнува работата на метаболизмот и го контролира апетитот, па се препорачува на сите лица кои сакаат да ослабнат.
Напитокот од нане и лимон содржи витамин А и Ц и други корисни материи кои ја зголемуваат отпорноста на организмот. Уште едно од важните делувања на нането е ублажување на стресот и напнатоста.

loading...
Loading...