Го смени животот од корен, ослабе и се разведе, но животот не и тргна на убаво: Ана Николиќ призна „го допрев дното“

Loading...

Ана Николиќ во интервјуто за магазинот „Стори“ истакна дека цел живот мечтаела да се омажи од љубов и да роди дете.
– Цел живот мечтаев да се омажам од љубов и да родам дете. Се занимавав со кариерата, но секогаш ме интересираше повеќе семејството. Кога ми се случи не баш онака како што замислував, се скршив. Кај мене ништо не може да биде просечно. Никогаш ги нема т.н. сиви зони. Или е црно или е бело. Или е врв, или е дно“, вели Ана, и додава:
– Тоа е крстот што го носам, некогаш е лесно, главно е тешко, но го носам, немам избор. Вистина е дека во еден миг по разводот го допрев дното. Потонав во секоја смисла на зборот, а кога паднав толку длабоко што веќе немаше каде да одам, повторно се искачив на врвот. Доста време ми беше потребно да си се вратам себеси и да донесам важни одлуки“, вели Ана.

loading...