Светски познатата манекенка Емили Ратајковски е видена во Њујорк, а папараците ја сликаа на улица додека излегуваше од автомобилот.
Емили, која многумина ја нарекуваат кралица на голотијата, цело време го криеше лицето со раката, но телото не успеа да го сокрие бидејќи носеше црн фустан од проѕирен материјал, под кој од светлото се гледаше нејзината долна облека.
Сепак, Ратајковски нема од што да се срами, а поради витката линија и бујните гради таа се прослави. Емили има и своја линија на костими за капење, а брендот го нарече Инамората.
Да потсетиме, минатата година манекенката се разведе од Себастијан Бур МекКлард со кој беше во брак четири години и со кој го има синот Силвестер, а причина за разводот беше неговото неверство.
По неколку месеци странските медиуми објавија дека Емили го завела Бред Пит, но актерот и Емили никогаш не ги потврдија тие гласини. Тогаш ја поврзуваа и со комичарот Пит Дејвидсон, со кој беше видена неколку пати во јавноста, но се чини дека меѓу нив постои само пријателство бидејќи тој веќе се хчеда со нова девојка.
- На 13 јануари SpaceX ќе го лансира мегарокетот Starship по седми пат
- Најскржавите луѓе се родени во овие два хороскопски знаци
- Богатите и славни кои се борат со тешки болести: Актерката доживеа два мозочни удари, животот на пејачката висеше на конец (фото)
- Што се случува! Еврото паѓа, доларот во забрзан раст! Европските берзански индекси денеска се главно во пад, цените на нафтата и златото благо пораснаа
- Џесика Алба се разведува: Мажите сонуваат за неа, а таа по 17 години брак и со три деца стави точка (фото)
После тоа, таа призна дека два месеци тајно се гледала со Хари Стајлс. Во моментов, колку што е познато, Емили е сингл.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.