Го спуштаат холестеролот и го поттикнуваат работењето на најважниот орган: Еве зошто вечерва треба да потопите неколку бадеми во врела вода!

Loading...

Иако бадемите се исклучително добри и ја забрзуваат работата на нашите органи, не треба да претеруваме со нив. Меѓутоа, кај нас доста е „популарно“ да се купат околу сто грама од ова коскесто овошје и да се грицка во текот на денот, но и оваа навика не е нешто што се практикува секој ден.
Затоа, пожелно е секој ден да се консумираат бадеми во помали количини.
Еден од најдобрите начини за консумирање на дневен внес на бадеми е наутро да изедете неколку натопени парчиња, што може да биде исклучително корисно за вашето тело – како и на секој на кого му треба „кец во ракав“ во овој студен период, пишува „Healthline“. .
Натопени бадеми
Потопете четири до пет бадеми во сад со топла вода и додадете малку сол. Потоа покријте го садот со капак, крпа или алуминиумска фолија и оставете го да отстои преку ноќ или осум часа.
Наутро исцедете ги бадемите и измијте ги. Потоа, на вас зависи дали сакате да ги оставите малку да се исушат или веднаш да ги консумирате.
Зошто е ова добро за нас?
Натопените бадеми се најдобар извор на влакна, протеини и здрави масти, како и одличен извор на витамин Е и магнезиум.
Тие се особено важни затоа што можат да не заштитат од неколку хронични болести, вклучително и срцеви заболувања и дијабетес тип 2! Редовното внесување на бадеми може да влијае на слабеењето, да го намали нивото на лошиот холестерол и позитивно да влијае на работата на срцето.

loading...
Loading...