Го чуваат целото ваше тело – 7 причини зошто смоквите треба да ги јадете почесто

Loading...

Треба да ги јадете свежи, затоа што се богати со ензими и антиоксиданси како и со хранливи материи кои што се губат во текот на нивната термичка обработка.
Смоквите содржат и 80 отсто вода, а истовремено се овошје со највисоко ниво на природен шеќер, па се одличен извор на енергија, а ја поттикнуваат и работата на мозокот, ја подобруваат концентрацијата и помнењето.
Ова се 7-те причини зошто треба почесто да јадете смокви:
1. Превенција на канцер
Научно е докажано дека екстрактот од смокви допринесува на намалување на појава на тумор. Смоквите покажале одлични резултати при намалување на ризик од канцер на простата.
2. Намалување холестерол
Освен холестеролот, на оштетување на срцето делуваат и зголемените триглицериди. Докажано е дека смоквите имаат поволно делување на нивото на холестерол во крвта. Стигмастеролот и ланостеролот, кои што ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите холестерол во цревата и така спречуваат негово апсорбирање во крвта.


3. Превенција на срцев удар
Омега 3 и омега 6, со кои што смоквите изобилуваат, се важни за здравјето и кардиоваскуларниот систем. Смоквите се добар извор на калиум, минерали кои што го регулираат крвниот притисок.
4. Лечење дијабетес
Поради количината шеќер која ја содржат, дијабетичарите треба да бидат внимателни при консумирање. Сепак доколку ги користат умерено, може да доведат до намалување на потреба од количина инсулин.
5. Подобрување на помнењето
Редовното консумирање смокви спречува анемија и го подобрува помнењето. Само четири суви смокви ја задоволуваат потребната дневна количина на доза железо за вашиот организам.
6. Против акни
Направете маска од смокви и јогурт, па нанесете ја на лицето. Масирајте се и оставете ја на вашето лице околу 20 минути, па измијте го лицето. Истата маска може да ја нанесете и на усните за да се ослободите од мртвите ќелии и да ви бидат помеки.
7. Подмладување
Поради значајната количина на витаминот Б комплекс која што ја содржат, смоквите осигуруваат еластичност и блескава кожа. Доколку ги јадете секој ден, ќе забележите драстична разлика во изгледот на вашата кожа.

loading...