Градежен работник загина на објект

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект во изградба на улица „Лондонска“ во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица, починал градежниот работник М.А.(33) од село Челопек, тетовско, информираат од МВР.
Според пријавата, додека М.А. се обидувал да натовари железна арматура на кран, арматурата се откачила и од висина од околу два метра паднала врз него.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.