Градинките се очекува да се отворат на 15 јуни, ЈСП се врати на вообичаениот возен ред

Loading...

Од денеска автобусите на ЈСП продолжуваат да функционираат вообичаено како пред епидемијата. Тоа значи дека автобуси ќе има од 5 до 24 часот, а распоредот како и секогаш ќе е достапен на веб страната на ЈСП. Од претпријатието соопштуваат дека исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23, кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.
Укинатите три автобуски линии 25, 25А и 25Б што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, како и Жичарницата, нема да работат и натаму, а укинати остануваат и бесплатните средношколски и пензионерски билети. Истовремено со поинаков распоред ќе функционираат билетарниците, а точното време на секоја е достапно на веб страната на ЈСП.
Во меѓувреме, најава со конкретен датум за отворање на градинките даде општина Центар. Од таму објаснија дека очекуваат оти скринингот на градинките треба да заврши на 13 јуни а веќе од 15 се очекува да почнат со работа, односно да примаат деца. Првичната одлука беше дека сите градинки ќе отворат истовремено.
Според најавите најверојатно во просторија ќе бидат 5-6 деца, а креветчињата ќе бидат одвоени по 2 метри.

loading...