Градинките се подготвуваат за прием на деца од 9 септември, училиштата ќе ги отворат вратите од 1 октомври

Loading...

Директорите и вработените од денеска интензивно се подготовуваат за безбедно згрижување на децата од предучилишна возраст и заштита на вработените. Се набавуваат хигиенски средства, нови постелнини се реновираат просториите.

За разлика од градинките, основните и средните училишта имаат уште еден месец да се подготват за безбедна настава. Поголемиот дел од директорите по средбата со министерката Царовска се изјаснија за комбинирана настава во нивните училишта. Дел од нив велат имаат услови и ќе организираат настава со физичко присуство во сите одделенија, за оние родители кои ќе се одлучат за тој модел.

И покрај што ќе почне со задоцнување од еден месец, школската година ќе заврши вообичаено, на 10 јуни, кажа министерката за образование Царовска. Сите ученици, и оние кои ќе следат настава со физичко присуство и онлајн, ќе бидат оценувани со физичко присуство.

loading...