Градоначалникот на Петровец и неговиот брат добија кривична пријава од Финансиска полиција

Loading...

Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички и три правни лица, од кои: првопријавениот – Одговорното лице во Општина Петровец – Градоначалник во периодот од 2009 години до денес, второпријавениот – во својство на вистински сопственик и овластен сопственик на банкарските сметки на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје и правниот субјект ЛЕОМА ТРАНС ДОО Скопје, третопријавениот во својство на инженер за надзор, четвортопријавениот – во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект СМ БАУ ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект ЧОЛА ТОП ДООЕЛ Батинци и петтопријавениот во својство на управител на пријавениот правен субјект  АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје.

За пријавените физички и правни лица, постојат основи на сомнение за сторени кривични дела:

– Злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353-в ст.5 вв став 3 од Кривичниот Законик,

– Поттикнување по член 23 в.в. со кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 5 од Кривичниот Законик;

-Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 1 од Кривичниот Законик;

–  Помагање по член 24; и

– Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 став 2 од Кривиниот Законик на Република Северна Македонија.

Имено,  првопријавениот, во својство на oдговорно лице во Општина Петровец во соработка со третопријавениот, во својство на лице ангажирано за Надзор, поттикнати од второпријавениот, во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје и правниот субјект ЛЕОМА ТРАНС ДОО Скопје, кој воедно е во роднинска врска- брат на првопријавеното одговорно лице од Општина Петровец, во периодот од 2012 до 2018 година ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што, првопријавениот, во својство на одговорно лице во Општина Петровец, во име на Општина Петровец извршил плаќање на 24 фиктивни фактури во вкупен износ од 31.845.470 денари, издадени од пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје и правниот субјект ЛЕОМА ТРАНС ДОО Скопје,  за наводно извршени градежни работи и утовар, транспорт и истовар на градежен шут, по претходно склучени повеќе договори за јавни набавки, иако првопријавениот бил свесен и знаел дека наведените работи во предметните фактури не биле извршени, ниту пак наведените материјали биле во целост вградени, а третопријавениот, во својство на инжинер за надзор, таквите фиктивни фактури ги заверил со свој потпис и печат, при што пријавените предизвикале штета на Буџетот на Општина Петровец во износ од 31.845.470 денари.

            Второпријавениот, во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје, иако бил свесен дека работите наведени во фактурите издадени од пријавениот правен субјект кон Општина Петровец не биле извршени, односно бил свесен дека се работи за фиктивно издадени фактури, а со цел да го прикрие потеклото на незаконски стекнатите парични средства, дел од наплатените парични средства од Општина Петровец во износ од 7.520.365 денари ги искористил за купување на возила и градежна механизација во име и за потребите на пријавениот правен субјект, а дел во износ од 7.530.181 денар, врз основа на фиктивни фактури издадени од пријавените правни лица СМ БАУ ДОО и ЧОЛА ТОП ДООЕЛ ги префрлил на банкарските сметки на наведените правни субјекти, од каде четвртопријавеното физичко лице веднаш и во целост ги подигнало во готово.

            Петтопријавеното физичко лице, во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје, по претходни усни инструкции и насоки дадени од страна второпријавениот, во својство на вистински сопственик на пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје,  поднел понуда во постапка за Јавна набавка број 21/13 во прилог на која понуда доставил изјава за располагање со техничка опрема со невистинита содржина, и врз основа на така доставената лажна изјава, пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје се стекнал со право на учество во постапката за јавна набавка, бил избран за најповолен понудувач и склучил договор за Јавна набавка со Општина Петеровец на износ до 33.000.000 денари, без да располага со бараната механизација, на кој начин пријавениот правен субјект АЦЕ ТРАНС КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје се стекнал со корист во вкупен износ од 32.673.415 денари.

На опишаниот начин, со сите претходноенаведени дејствија пријавените физички  и правни лица, во периодот од 2012 до 2018 година, ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар, при што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.845.470 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на Општина Петровец.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...