Градоначалникот на Ѓорче се оправи. Па старото „Пежо“ го замени за „БМВ Х5“

Ох. Купил Сашево БМВ Х5, пиќкасимајќина. Не знам колкав талент треба да си, во мандат, после година и пол власт, да купиш кола која вреди 30-40.000 евра. Всушност, ова е ароганција од типот – ,,ми се може”. Му дошло време да се курчи со скапа кола. Од ,,пежо” на БМВ. Бар да имаше некоја средина, голф на пример. #ЖИВОТ
Ние, другите, ова го исживеавме во средно, кога него не го приметуваше никој.
Сега сме си на точак. Тоа е ѓорчепетровци. Пак да си го гласате.
Скопски градоначалник старото „Пежо“ го замени за „БМВ Х5“…
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски по само година и половина раководење со општината и плата од 1000 евра, успеа да се поднови со „БМВ Х5“. Оваа марка на возило ако производството е 2013/2014 година, според интернет сајтовите за продожба на поволни автомобили чини од 30.000 до 40.000 евра.
Според нашите извори, Наумоски го купил автомобилот пред 2-3 месеци, а почнал да го вози пред две недели. Новото возило го пријавил и во анкетниот лист, а пишува дека вреди близу 14.500 евра.
Градоначалникот на Ѓорче Петров кога дојде на функцијата возеше „Пежо 1007“, а има и моторцикл од 500 евра. Во јавноста се коментира дека Наумоски со ова темпо, ќе успее да ги исплати и кредитите кои му се пријавени во анкетниот лист.
Наумоски беше актуелен во изминатиот период, оти во јавноста се појави информацијата дека со буџетот за оваа година, оставил простор за зголемување на неговата плата. Исто така, како прв човек во Ѓорче Петров, 13 илјади евра потроши за набавка на пенкала, верски календари и други промо материјали.
Извор: ДОКАЗ