Граничниот премин Ново Село – Златарево повторно отворен

Loading...

По вчерашниот пожар во кој целосно изгоре административната зграда од бугарска страна на граничниот премин Ново Село-Златарево, а преминот беше затворен од ноќеска на полноќ тој повторно е отворен. Но, само за патнички возила, товарниот сообраќај е во прекин.
Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево – Деве Баир и Станке Лисичково – Делчево. И бугарските и македонските царински служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин за патување и да се упатуваат на другите гранични премини.

 

 

 

 

loading...