Гренел за одлуката за промена на српските регистарски таблички и лични карти со косовски: Глупаво, безобразно и непотребно👇

Ричард Гренел, поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Балканот, на Твитер напиша дека одлуката на премиерот Аљбин Курти да ги одбие српските регистарски таблички и лични карти е непотребна.

„Уште еднаш крајнолевичарскиот, радикален и искусен фашистички премиер на Косово, Албин Курти, еднострано презема чекор за отфрлање на српските регистарски таблички и лични карти на Косово. Глупав. Несовесно. И непотребно“, вели Гренел во низата објави на неговиот личен профил на социјалната мрежа Твитер.
Гренел за одлуката за промена на српските регистарски таблички и лични карти со косовски: Глупаво, безобразно и непотребно

Ричард Гренел, поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Балканот, на Твитер напиша дека одлуката на премиерот Аљбин Курти да ги одбие српските регистарски таблички и лични карти е непотребна.

„Уште еднаш крајнолевичарскиот, радикален и искусен фашистички премиер на Косово, Албин Курти, еднострано презема чекор за отфрлање на српските регистарски таблички и лични карти на Косово. Глупав. Несовесно. И непотребно“, вели Гренел во низата објави на неговиот личен профил на социјалната мрежа Твитер.

Тој праша и зошто советникот за национална безбедност на актуелниот американски претседател Џејк Саливан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен „не му кажуваат на Албин Курти да престане со неговото фашистичко однесување“.

„Европејците му рекоа да престане – но треба да му се каже целосно да престане“, рече Гренел.

Како што додаде, никој на Косово не сака војна или конфликт, но оцени и дека Курти смета дека тоа е начин да го подобри својот опаѓачки рејтинг според анкетите. Гренел исто така додаде дека последните акции на Курти се непотребни.

„Само што разговарав со пријател од Косово. Неговите зборови се дека никогаш не било вака во последните 15 години“, рече Гренел во една од своите објави на социјалната мрежа Твитер.

Србите на северот на Косово, откако се огласиле сирените, околу 17 часот и 30 минути, со камиони го блокирале главниот пат во близина на граничниот премин Јариње, кој се наоѓа во општина Лепосавиќ, јави Радио Слободна Европа. Околу 20:45 часот повторно се огласија сирените во северниот дел на Косовска Митровица.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.