Грешка која ја правиме во обид да се справиме со секојдневниот стрес

Loading...

Колку пати досега сте слушнале од повозрасните „Јас на твои години не знаев што е главоболка“ или некои слични коментари? Денес стресот е значително позастапен во нашето секојдневие, а за да се справиме со истиот постојат неколку нешта кои мораме да ги примениме.
Едно од тие нешта на кое ќе се фокусираме е лошиот избор на храна и како таа влијае во поглед на стресот.


Колку сме позафатени и под поголем стрес, толку сме поизложени на тоа да правиме грешки при изборот на храна, што всушност може и да резултира со зголемување на стресот и да предизвика и други проблеми. Се што внесуваме во нашето тело игра огромна улога и е еден од пресудните фактори кои го одредуваат квалитетот на нашиот живот. Намалена енергија, намалено ниво на продуктивност, намален имунитет и појава на здравствени проблеми, несоница, промени во расположението се дел од последиците од лошата исхрана. Во прилог, неколку начини со кои можете да ја направите позитивната промена:


Не прескокнувајте го појадокот
Немате доволно време, се уште не сте гладни или ручекот набрзо ќе дојде па не мора да појадувате? Појадокот е оној оброк кој игра најголема улога кај регулација на нивото на шеќер во крвта и вашата ефективност. Тврдо варено јајце, зеленчук или протеинско барче или шејк е сосема доволо за да го започнете денот.
Зелен чај
Доколку сте зависници од кафе, можеби и не сте свесни за ефектот на кафето врз организмот. Кафето придонесува за зголемување на нивото на стрес бидејќи кофеинот го раздразнува нервниот систем. Наместо кафе, консумирајте безкофеински зелен чај кој изобилува со антиоксиданси.
Шеќерите не се ваш најдобар пријател
Направете баланс во вашите оброци. Внесувајте повеќе протеински производи и зеленчук. Намалете го внесот на шеќери, особено оние преработени шеќери кои воопшто не го потхрануваат телото, напротив.

loading...