Грешки во начинот на исхрана поради кои не можете да ослабете

Loading...

Дебелината може да биде сериозен проблем, па нормално е откако ќе качите некој килограм да сакате да ослабите. Но желбата за брзо слабеење неретко е причина за многу грешки како погрешна исхрана и погрешен план за вежбање.
Проблемот е што овие грешки не само што ќе го спречат слабеењето, туку можат да направат да се здебелите.
Погледнете ги грешките во начинот на исхрана што всушност не ви помагаат во слабеењето:
Мислите дека сите калории се исти
Можеби упорно ги броите калориите, но не гледате никаков резултат. Причината за ова е верувањето дека сите калории се исти. Но, калориите што ги внесувате преку овошје и зеленчук се „добри“, а истите калории внесени од хамбургер се „лоши“.
Количеството инсулин што го лачи телото повеќе зависи од видот на калориите што ги консумирате, наместо нивниот број.


Јадете само диетална или нискомаслена храна
Преработените, обезмастените и „диеталните“ продукти често се сметаат за совршениот сојузник во слабеењето. Но, ова не е секогаш точно. Многу од овие навидум здрави намирници се полни со шеќер, па наместо да ве држат сити, ќе направат да чувствувате глад. Најдобро е да одберете комбинација од хранливи и малку преработени продукти.
Не консумирате доволно протеини
Доколку целта ви е слабеење, протеините се можеби најважната состојка што можете да ја внесете. Исхраната богата со протеини го забрзува метаболизмот, го намалува апетитот и има позитивно влијание врз хормоните за регулирање на тежината.
Исто така, со консумирањето протеини ќе ја зачувате мускулната маса додека слабеете.
Вашата исхрана не содржи влакна
Хранливите влакна го намалуваат апетитот и го намалуваат бројот на калории што ги апсорбира телото. Можете да внесете повеќе хранливи влакна со мали промени во исхраната, како на пример заменување на белиот леб со интегрален.
Јадете пречесто, дури и кога не сте гладни
Сигурно досега сте слушнале дека доколу сакате да ослабете, треба да консумирате помали оброци повеќе пати во текот на денот. Сепак, ова не важи за сите.
Доколку сакате да ослабете, важно е да јадете само кога чувствувате глад. Честото јадење, без разлика колку се мали порциите, значи и поголем број на внесени калории. Па, најдобро е да го слушате вашето тело.


Никогаш не го прескокнувате појадокот
Друг чест совет за слабеење е редовното појадување, дури и ако не ви се јаде. Едно истражување покажало дека луѓето кои појадувале, консумирале помалку калории за време на ручек.
Но кога се пресметал бројот на внесени калории од целиот ден, оние кои не појадувале консумирале околу 408 калории помалку. Сепак, тоа зависи од самиот организам – дали можете или не можете да поднесувате обилен појадок.
Пиете овошни сокови
Најчесто луѓето кои слабеат престануваат со газирани и други засладени пијалаци, но често забораваат на купечките овошни сокови. Дури и ако на пакувањето пишува дека сокот е 100% овошје, во него сепак има доволно шеќер за да ви го попречи слабеењето.
На пример, во една чаша овошен сок може да има дури 36 грама шеќер – многу повеќе отколку во чаша газиран пијалак.
Не консумирате непреработена храна
Најлошото нешто за вашата линија е преработената храна. Всушност, многу истражувања покажале дека причината за епидемијата со дебелина е токму преработената храна.
Најдоброто нешто што можете да го направите за вашето здравје е да се обидете да јадете што е можно повеќе непреработена храна. Исто така, бидејќи најверојатно нема да ви биде вкусна колку преработената, помали се шансите да се прејадете.
Не консумирате овошје


Јадењето големо количество храна која не вклучува овошје исто е рецепт за дебелеење. Најдобрите овошки за слабеење се лубеница, круши, јаболка и грејпфрут.
Исто така, кога купувате, купете само толку намирници колку што мислите дека можете да изедете свежи. Доколку купите премногу храна која се расипува брзо, најверојатно ќе изедете повеќе од планираното.
Внесувате премногу или премалку калории
За да ослабите важно е да трошите повеќе калории отколку што внесувате, но луѓето неретко го потценуваат бројот на внесени калории.
На пример, едно истражување покажало дека испитаниците кои мислеле дека консумирале 1.000 калории на ден, всушност консумирале 2.000. Па, обрнете внимание на големината на порциите и внимателно бројте ги калориите.
Од друга страна, и внесувњето премалку калории може да има спротивен ефект од посакуваниот. Воглавно, конусмирањето помалку од 1.000 калории дневно ја намалува мускулната маса и го забавува метаболизмот.

loading...