Грипот ја зеде четвртата жртва

Loading...

Како што потврди д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје од компликации од грип денес на Клиниката за детски болести почина дванаесетгодишно девојче со церебрална парализа и мускулна дистрофија. Девојчето пред четири дена било примено на Клиниката, а ова е четврти смртен случај од компликации од грип.
Од Институтот за јавно здравје информираа дека измината недела починал 86-годишен човек од Скопје, кој бил хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

loading...