Грисини со семки и зачини од 4 состојки и тесто кое не се чека да нарасне

Loading...

Потребни состојки:
150 мл масло
150 мл вино
1 печиво
400-500 г брашно
Сол, семки, зачини
Начин на подготовка:
Измешајте ги течните(бело вино и масло), па додадете ги сувите состојки. Постепено додавајте брашно додека да добиете средно меко тесто. Може ќе ви треба и повеќе или помалку од напишаното, ќе видите според тестото. Поделете го на неколку дела и секој дел исукајте го на намрсена површина. Од едната страна ставете семки по избор(сусам, лен, сончоглед, афион, ким) и притиснете ги со сукалото, превртете ја кората и ставете зачин по желба или повторно семки. Исечете на ленти и секоја посебно завиткајте ја. Редете на хартија за печење во плех и печете ги на 200 С околу 10-15 минути или додека да добијат светло кафеава боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

loading...