Гркинка доцнела на сопствената свадба, им го спасила животот на сватовите – Еве зошто

Една невеста во Грција задоцнила на венчавката и им го спасила животот на сватовите бидејќи, додека ја чекале надвор , во црквата се урнал таванот, јави денеска атинската РТВ „Скај“.
Голем дел од таванот во саботата се урнал во црквата во селото Лаки, на островот Лерос, додека пред црквата младоженецот и 200 гости ја чекале невестата.
Сепак, од падот на таванот е повредена една жена.


– Невестата, за среќа, задоцни, инаку ќе се случеше трагедија – рекол претседателот на Општината Лерос Михалис Кољас.
Венчавката, на крај, сепак, се одржала, во дворот на црквата.