ГРОЗОМОРЕН ТРЕНД СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА, ПОЛИЦИЈАТА ЗБУНЕТА: “МЕСТОТО НА УБОДОТ Е ВИДЛИВО, СЕ ЧУВСТВУВА СЛАБОСТ” – ПАНИКА ВО КЛУБОВИТЕ

Сопствениците на клубовите и полицијата во Франција и Велика Британија предупредуваат на нова опасност која почна да се шири во ноќните клубови – непознати сторители ги напаѓаат посетителите со шприцеви со непозната содржина.

Случаи се пријавени и во Белгија и во Холандија.

Според АП(Асошиетед Прес), на 4 мај, 18-годишниот Томас Локс бил на рап концерт во Лил на северот на Франција. Тој призна дека пушел џоинт и пиел малку алкохол. Кога дошол дома почнал да се чувствува полошо, имал главоболка и вртоглавица, а потоа забележал мала дупка и модринка на рамото. Бидејќи симптомите не престанале следниот ден, тој решил да оди на лекар каде што било потврдено дека бил избоден и веднаш бил тестиран за ХИВ и хепатитис. За среќа, резултатите биле негативни, како и на останатите жртви кои досега пријавиле “боцкање”.

Лаукс вели дека по овој немил настан се откажал од концерти.

Стотици километри подалеку во француски Бордо, слично нешто и се случи на Леан Деснос (18). Исто така имала треска и се чуствувала малаксано безмалку да колабрирала, и тоа вториот ден по посетата на клубот. Кога се се смири ситуацијата, забележала убод на рамото. На социјалните мрежи видела информации за мистериозни убоди на концерти и клубови и отишла да се тестира за инфекции, а резултатите се уште се чекаат.

Случаи се пријавени во голем број градови низ Франција, а прелиминарните податоци покажуваат дека жртвите се претежно девојчиња. Симптомите генерално се многу слични, освен што се гледа местото на убодот, има модринки и чувство на слабост(малаксаност). Француската полиција потврди дека досега добила 302 пријави со ваков случај.

Меѓутоа, иако е во тек опсежна истрага, засега никој не е приведен, а не е јасен мотивот на сторителот. Имено, ниту една жртва не била сексуално злоупотребувана, па не можеме да зборуваме за “дроги за силување”. Само една жртва пријавила дека била ограбена за време на нападот. Две лица се позитивни на ГХБ, гореспоменатата дрога за силување, но се верува дека не ја примиле интравенски туку им ја ставиле во пијалокот. GHB е моќен анестетик кој често се користи за зашеметување на жртвите до тој степен што тие можат да бидат сексуално злоупотребени (силувани).

Лекарите велат дека е малку веројатно дека е се работи за GHB, бидејќи се потребни неколку секунди за да се нанесе со игла, со што жртвата сигурно тоа веднаш би го почувствувала и забележала.

Во телото на жртвите не најдовме никакви супстанци кои би можеле да се користат за сексуално насилство. Но, се плашиме дека на овој начин може да се шират инфекции како ХИВ, хепатитис и други заразни болести – изјави д-р Емануел Пушкарчик, инфектолог од Ница

Тамошната болница лекувала голем број пациенти кои покажале симптоми по мистериозниот убод, а во случај на кривично гонење им задржала примероци од крв и урина.

Секој случај е различен. Некои немале никакви симптоми по убодот, а некои дури имале заборавање во психичката меморија, додаде тој.

Од полицијата велат дека засега не можат да зборуваат за конкретен начин на извршување на делото. Единственото нешто што е заедничко за овие “злосторства” е тоа што се случуваат на места на забавни собири, како што се клубови и концерти. Британскиот парламент во април објави дека имало најмалку 1.000 случаи на мистериозни убоди од октомври 2021 година, кога студентите се вратиле во студентските кампуси по коронавирусот.

Но, се уште нема доволно информации за што точно се работи.

Слични инциденти се забележани на белгиските фудбалски натпревари, како и на парадата на гордоста. Некои рапери почнаа да откажуваат концерти поради страв дека публиката може да настрада на тој начин, заклучува АП.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.